Предмет на истражување во овој проект се алтернативните форми за финансирање на растот и развојот на малите и средни претпријатија како мотори на локалниот економски развој. Во проектот ќе се опфатат и предлози за ефикасното менаџирање со добиените средства во зависност од изворот на финансирање со цел да се постигне подобрување на перформансите на МСП, со посебен фокус на источниот плански регион во Република Македонија.
Целта на проектот е да се покаже како да се обезбедат дополнителни финансиски средства за финансирање на развојните активности на малите и средни претпријатија.
При истражувањето во проектот ќе се применат повеќе квалитативни и квантитативни методи. Со помош на анализа, синтеза и компарација ќе се изврши систематизирање на досегашните објавени податоци од оваа проблематика во земјата и во странство и истите ќе се применат и при средување и толкување на сознанијата и резултатите од проектот. Покрај анализата на веќе објавени податоци, со помош на структурирано интервју на таргетирани испитаници, ќе се стекнат дополнителни сознанија кои ќе овозможат прагматичност на решенијата од проектот.
Придобивките на овој проект ќе овозможат интензивирање на локалниот економски развој, а целокупниот процес на финансирање со алтернативни инструменти и менаџирање на средствата за поддршка на рентабилни проекти, односно проекти од јавен и приватен карактер може да послужат како бенчмарк и за други плански региони во Р. Македонија и земјите во регионот