Историко-филологический фонд им. А. А. Хованского Воронежский государственный университет
Abstract
Заради заедничкото минато, сите словенски народи имаат исти или слични белези во својот долг историски развој. Со доаѓањето на Словените на Балканот, тие со себе ја донеле својата култура, историја, верувања, митови, приказни... Голем дел од тој шаренолик фолклор се сретнал со фолклорот кој веќе егзистирал на овие простори. Некои приказни, верувања и сл., ја задржале својата оригинална форма во која биле пренесени, а некои доживеале своевидна контаминација во мотивите и сл. Како такви тие и ден-денес постојат кај словенските народи. Од тие причини, целта на овој научен труд ќе биде да се разгледаат сказни/волшебни/фантастични приказни кај повеќе словенски народи, да се утврдат нивните заеднички основи и потекло, во смисла на мотивите, ликовите, просторот, волшебните предмети... За таа цел, ќе се разгледуваат сказните на Пушкин, потоа одредени чешки, словачки, полски, словенечки, бугарски, српски и македонски, сказни