research

Недефинирани книжевни дефиниции

Abstract

Овој труд претставува елаборација на проблемот поврзан со формализацијата на терминолошкиот систем во науката за литературата со тоа што посебен акцент се става на терминологијата во областа на теоријата на книжевноста како значајна научна поддисциплина во рамките на општата наука за литературата. Прво во трудот се илустрираат, од дијахрониски аспект, различните, па дури и контрадикторните дефиниции на исти термини во различни книжевно-теориски школи и методологии што, секако, создава недопустлив научен неред во рамките на конкретната научна дисциплина. Како примери се посочуваат термините „сиже“, „фабула“, „тема“, „мотив“, „лик“, „метафора“, „метонимија“, „реализам“, „веродостојност“, „веројатност“ итн. при што се нагласуваат различните и, многу често, нејасни и конфузни дефиниции за овие термини во книжевно-теориските трудови. Со оглед на ваквата регистрирана состојба со конфузијата во дефинирањето на одреден број термини во општата наука за литературата и конкретно во теоријата на книжевноста, во заклучокот од трудот се потсетува на неопходноста од унифицирање на поимањето за книжевно-теориските термини, односно создавање на еден релативно стабилен книжевно-теориски метајазик во што, секако, треба да се вклучи еден поширок круг на книжевни теоретичари, книжевни историчари и книжевни критичари

    Similar works