Во заклучоците кои произлегоа од последниот самит на НАТО во Велс, доминараа две теми кои ќе имаат особено влијание врз текот на евроатлантските интеграции и во однос на Република Македонија. Првата доминатна тема е украинската криза и припојувањето на Крим кон Русија, како и непочитувањето, според НАТО, на принципите на меѓународното право од страна на Руската федерација во однос на кризата. Втората доминантна тема, е новата безбедносна стратегија на НАТО, со која се предвидува потенцирање и засилување на безбедносните системи во источните земји членки на НАТО. Овие две теми, иако не експлицитно, но меѓу редови, придонесоа за потврдување на хипотезата за отпочнување на нова Студена војна или продолжување на старата, и на некој начин ја официјализираа веќе актуелната борба за поделба на сфери на влијание Североатлантската алијанса и Руската федерација