thesis

Застапеност на различните техники на дефинитивна канална обтурација

Abstract

Вовед: Во текот на ендодонтската терапија фазата на дефинитивна канална оптурација претставува еден од факторите кои допринесуваат за пост тераписка ефективност и ефикасност. Цел: Целта на оваа студија ни беше да направиме процена на најчесто употребуваните техники на гутаперка апликација во стоматолошките ординации во Битола. Материјал и метод: За реализација на целта беа избрани 10 стоматолошки ординации, по случаен избор. На сите им беше доставен анкетен лист и во релација со нивните стоматолошки услуги и дневници, во период од 4 месеци да се произнесат за искористените техники на 100 ендодонтски третирани заби. Резултати: Добиените резултати покажаа дека најчесто употребувана метода на канална оптурација е латералната кондензација, односно модификација на single cone техниката. Поретко но сепак присутни, ги нотиравме посовремените методи како GuttaFlow, ThermaFil техниката и др. Заклучок: Современите технологии за канална оптурација во голем дел ја олеснуваат ендодонтската терапија и допринесуваат на успехот на самиот третман. Трендот на современиот стоматолог да имплементира се по современи методологии и материјали е во пораст во интерес на пациентите и терапевтите. Клучни зборови: канална оптурација, гутаперка, силер, техник

    Similar works