Спектрофотометриска проценка на разликите во бојата кај максиларните централни инцизиви кај пациенти од различен пол

Abstract

Цел Да ги одредиме разликите во бојата на забите помеѓу мажите и жените со спектрофотометриско мерење на бојата на централните максиларни инцизиви, како и влијанието на полот врз дистрибуцијата на бојата според три различни клучеви за избор на боја. Материјал и метод Бојата ја измеривме кај 250 пациенти на возраст од 18-69 години од кои 135 жени, a 115 мажи со спектрофотометар со оптичка геометрија 45/0° ShаdePilotТМ (Degu Dent, Germany). Поради критериумите за селекција од целокупниот број анализиравме 235 снимки. За да ја одредиме дистрибуцијата на бојата на забите ја избиравме најблиската нијанса измерена во средната третина на коронката според три различни клучеви Vita Classical, Ivoclar Chromascop, Vita 3D Master. Параметрите на бојата беа анализирани според CIE Lab системот. Статистичката обработка на податоците ја направивме со тестовите Pearson Chi-square и ANOVA/MANOVA Factorial Anova (F). Резултати Дистрибуцијата на нијансите помеѓу мажите и жените статистички значително се разликуваше кај трите клучеви. За Vita Classical p<0,01 (p=0,005), кај Ivoclar Chromascop p<0,001 (p=0,000) и Vita 3D Master p<0,001(p=0,000). Постои значајна разлика во светлоста на бојата L *(F=18,2 и p<0,001(p=0,000)). Жените имаат повисоки вредности за L* и тоа за 1,4 Delta L единици. Параметарот b* значајно се разликува помеѓу половите (F=37,79 p<0,001 (p=0,000)), мажите имаат значително повисоки вредности и тоа за 1,8 Delta b*единици. Заклучок Полот е значаен фактор кој треба да се земе во предвид при изборот на бојата на забите. Мажите имаат пожолти и потемни заби од жените според L*ab системот. Клучни зборови: нијанси на забите, клучеви за избор на боја, инструментално мерење на бојата

    Similar works