research

Теориските аспекти на социометрискиот статус на учениците (отфрлени/прифатени) и неговото образовно значење

Abstract

Живееме во време на егзистенцијални парадокси. Од една страна милиони луѓе гладуваат, а од друга страна непроценливо големи финансиски средства се трошат за вооружување и војни. Милиони луѓе живеат во социјална, културна и технолошка изолација, а на другата страна се развиваат нано технологии и се истражува свемирот. Глобализацијата продира во секој сегмент од човековиот живот и создава скоро неразрешливи дилеми за суштината на човековото опстојување. Во вакви услови општествата кои се стремат да ги достигнат целите на побогатите, подемократичните и похуманите често се соочуваат со проблеми од вредносен карактер. Отсуствува компатибилност меѓу реалниот живот, прокламираните училишни цели и вековните напори на семејството да го зачува својот воспитен интегритет. Трудот претставува преглед и анализа на теориски концепции и истражувачки наоди кои го актуелизираат и потврдуваат значењето на социјалната интеракција во ученичкиот колектив како детерминанта која може да влијае на квалитетот на социјалната интеракција во поширокиот општествен контекст. Постојат неотповикливи докази дека социометрискиот статус на учениците во ученичкиот колектив влијае на нивниот социјален, емоционален и когнитивен развој. Дека статусот на прифатеност и отфрленост се временски релативно стабилни и преносливи во други групи.Оттука се поставува потреба од воспоставување на нова парадигма која ќе промовира уште еден показател (социјална интеракција) за мерење на квалитетот на училишното образование

    Similar works