Теоретски претпоставки на директното и индиректното изразување

Abstract

Директното и индиректното изразување се често причина за недоразбирање во интеркултурната комуникација, што доведува до меѓусебно определување на учесниците како груби, незаинтересирани, дрски, неучтиви и сл. Овие два вида изразување се тесно поврзани со говорните чинови. Поттик за овој труд е зголемениот интерес за анализа на говорните чинови во македонскиот јазик и за нивно контрастивно проучување со други јазици. Во него даваме преглед на теориите за директните и индиректните говорни чинови и за нивната поврзаност со културата и предлагаме рамка за нивно проучување. Клучни зборови: говорни чинови, инференција, конвенционалeн, учтивост

    Similar works