research

Современи аспекти на неврорехабилитацијата и кинезитерапијата после мозочен удар

Abstract

Во денешно време се забележува непроменлива тенденција на зголемување на бројот на заболени од цереброваскуларна болест и тие заземаат значајно место во морбидитетот и морталитетот на популацијата, што претставува сериозен медицинско­-епидемиолошки, социјален и економски проблем. Заедно со другите начини на лекување и профилакса во оваа група на пациенти е и физичката активност. Физички активните лица имаат помал ризик од мозочен удар и смрт во споредба со лицата кои се со ниско ниво на физичка активност. Оваа зависност се должи на позитивниот ефект со кој физичката активност влијае врз телесната тежина, артеријалниот притисок, холестеролот во крвта и гликозниот толеранс. Независно од тоа што реално целосно морфолошко возобновување по мозочен удар може никогаш да не се постигне, можноста за функционално моторно возобновување со стимулирање на мозочната пластичност благодарение на продолжителна, специфично ориентирана и интензивна неврорехабилитација, дава мал оптимизам во случаите на инвалидност. Резултатите од целосната функционална рековалесценција и лекувањето зависат од пациентот, правилната медикаментозна терапија и диетичниот режим

    Similar works