research

Моделирање и симулација за предвидување губитоци во борбени дејства, базирано врз модели на Маркови вериги

Abstract

Во рамките на трудов презентирано е математичко моделирање и симулација на борбени дејства помеѓу две спротивставени единици, во услови кога постојат различни претпоставки во однос на аквизицијата на цели, координацијата при селекција на цели и можноста за самоуништување. Моделирањето е базирано на деривирани модели на Маркови вериги за континуирана транзиција. Моделите и софтверското решение се наменети за ситуации кога се изведуваат воздушни дуели, дејство од воздух на земја и изведување копнени дејства. Се претпоставува дека секоја од единиците е хомогена, односно поделува борбени платформи од ист вид и опремени со идентично вооружување

    Similar works