slides

Можности за стерилизација на каналниот систем со Nd: Yag ласер

Abstract

Во текот на конзервативниот ендодонтски третман при состојби на хронично инфицирани коренски канали императивно се наметнува интраканалната препарација со дезинфекција и стерилизација. Ограничувачките моменти на каналните препаратори, независно, мануелни или механички, како и на растворите за дезинфекција и интраканалните хелатори, може да се компензира со ласер канална ирадијација. Nd:Yag ласерот претставува алатка која ја помага и убрзува целата тераписка процедура. Во предавањето ќе бидат презентирани можностите кои ги нуди ласер терапијата во каналниот систем во функција на стерилизација и редукција на времето на тераписката постапка. Воедно ќе бидат прикажани конзервативно третирани клинички случаи на заби со хронични периапикални патози

    Similar works