research

Влијание на животната средина при експлоатација во јамите

Abstract

Јавното претпријатие за подземна експлоатација на јаглен се наоѓа во состав на Електростопанство на Србија од 1990год. Во овој состав влегуваат осум рудници со тринаесет производни единични-јами. До 1990год. Рудниците беа самостојни претпријатија и ја претставуваа главната стопанска дејност, тогаш, а и сега во слабо развиените општини во Србија. Во текот на процесот на производство наидуваа на многу тешкотии кои произлегувале од сложените услови на експлоатација. Но и покрај доскорашните надворешни санкции, рудниците успешно работеа. Најголем пад на производството, за околу 20%, дојде 1994год. напрема 1990год. Но сепак произведените количини на јаглен тогаш допринеле да се подмират некои витални енергетски потреби (индустријата и домаќинствата). Сите рудници се наоѓаат во живописни предели и туристички места и објекти (Соко бања, Ресавска пештера, манастирите Манасија, Студеница, Раваница и др.). Наведениве факти ја потенцираат потребата за заштита на природата, како од еколошко така и од економско гледиште. Праксата покажала дека подземната експлоатација на јаглен има помалку влијание на животната средина во однос на останатата индустрија

    Similar works