slides

Вкупни хидропероксиди – маркер за липидна пероксидација кај коронарна артериска болест

Abstract

Вовед Оксидативниот стрес придонесува во развојот на атеросклерозата и доведува до нестабилност на плаката во васкуларниот ѕид. Серумските биомаркери на липидна пероксидација, како што се хидропероксидите, може да претставуваат независен индикатор за ризик кај пациентите со коронарна артериска болест (КАБ). Цел Да се испита дали постои разлика во концентрацијата на хидрoпероксидите во плазмата, помеѓу пациенти со коронарна артериска болест и здрави крводарители. Материјал и методи Испитувањето претставува пресечна студија во која се вклучени 300 пациенти, поделени во две групи: пациенти со акутна коронарна артериска болест и хронична (исхемична) болест на срцето, со соодветни подгрупи. Примероците се обработувани во биохемиската лабораторија при што е користен фотометриски тест за квантитативно определување на вкупните хидропероксиди во крвна плазма, а за интерпретација на резултатите се користени стандардни референтни вредности. Резултати Добиените резултати укажуваат на статистички значајна разлика во однос на средните вредности на концентрацијата на хидропероксидите кај испитаниците со и без коронарна артериска болест, но непостои статистички значајна разлика меѓу испитаниците со акутна и со хронична коронарна артериска болест, ниту пак меѓу формираните подгрупи на пациенти. Заклучок Резултатите укажуваат на зголемено ниво на вкупните хидропероксиди во крвната плазма кај пациенти со коронарна артериска болест што укажува на постоње на редокс дисбаланс во споредба со здравите пациенти. Потребно е, во иднина, овие анализи да се користат како дел од панелот на веќе познати и/или нови биомаркери со цел соодветно да се делува кон превенција или одреден третман при лекувањето на пациентите со КАБ

    Similar works