Овој труд претставува рецензија (осврт) за дебитантската поетска збирка на Елена Пренџова со едноставен наслов „Јас“ издадена од „Современост“ во Скопје во 2006 година. Во освртот се набележуваат најсуштинските книжевно-естетски особености на оваа збирка при што се нагласува дека целата стихозбирка може да се детерминира како „љубовна приказна“ структурирана во три глобални сегменти: барана љубов, остварена љубов, загубена љубов. Во текстот се посочуваат основните елементи што доминираат во секој од наведените сегменти со тоа што се нудат и бројни фрагменти од песните како илустрација за поставените тези за значењето на овие стихови. Во заклучокот од трудот се потенцира дека зад едноставниот поетски израз во збирката „Јас“ од Елена Пренџова се затскрива една мошне сложена семантичка структура и дека тоа, од своја страна, значи оти со оваа поетска збирка младата авторка Пренџова покажува дека го поседува оној поетски импулс како прородна, односно како божја дарба