Goce Delcev University Stip, Faculty of Agriculture
Abstract
Во структурата на вкупната потрошувачка на градинарски производи
во Европа доматот зазема 8-10%, а во САД е водечка култура во
потрошувачката и учествува со преку 35%. Кај нас доматот се одгледува
на повеќе од 6.000 хектари, од кои околу 90% од застапените површини
се засеани со хибридно семе кое е од увоз. Предностите кои ги дава
хибридното семе и средствата што се издвојуваат за да се увезе истото,
нè натераа да започнеме со експериментална и практична работа на
освојување и ширење на хибридно семе произведено во нашето поднебје.
Во овој труд се прикажани резултати од осум F1 хибриди, од кои седум
се меѓулиниски и ќе се користат во понатамошната селекција и еден
комерцијален Magnus. Испитани се бројот на плодовите по растение и
просечната маса на плодовите, како главни компоненти на приносот кај
доматите (Wiliams, 1959) и вкупниот принос