ПОЛИФУНКЦИОНАЛНOСТА НА ДА НЕ-ПРАШАЊАТА

Abstract

Во овој труд се спроведува прагматичка анализа на да не-прашањата во македонскиот јазик (Да не сакаш да се напиеш нешто?) за да се определат нивните комуникациски функции во различни контексти: понуда, поттикнување, емпатија, неодобрување, иронија, и сл. За разлика од поларитетните дали-прашања, кои изискуваат потврден или одречен одговор, да не-прашањата се пристрасни бидејќи бараат потврда на претпоставката на говорителот. Таа функција може успешно да се реализира само ако соговорникот го познава ситуацискиот контекст и правилно ја толкува претпоставката на говорителот. Семантичката одлика на „пристрасност“ ги прави да не-прашањата погодни за сигнализирање позитивна учтивост и помал степен на хоризонтално растојание меѓу соговорницит

    Similar works