Познавањето на морфолшките карактеристики,
позицијата и анатомската структура на foramen
mandibulae (MF) е од значајна важност во
стоматолошката пракса, најпрво коа е неопходно да
се аплицира некоја од класичните и алтернативни
методите за спроводна мандибуларна анестезија.
Овој труд има за цел да ја потенцира важноста
на позиционираноста на мандибуларниот
форамен како појдовна основа за апликација
на спроводна анестезија на алвеоларниот нерв.
Покрај познавањето на интраоралните параметри
и ориентациони обележја при апликацијата
на мандибуларната анестезија, употребата на
панорамска слика и утврдување на локацијата на
мандибуларниот отвор, претставува предуслов за
успешна локална анестезија