Анализа на техники за точна и безбедна комуникација (ATCSC)

Abstract

Една од целите на овој проект ќе биде испитување на перформансите на Брзите алгоритми за крипто кодовите базирани на квазигрупи, за пренос на слики низ Гаусов канал и канал со рафални грешки. Ќе бидат анализирани некои техники за детекција на грешки при пренос на податоци. Друга цел на проектот е откривање на нови скриени канали кај DICOM стандардот кој се користи за процесирање, пренесување, складирање и прикажување на податоци за медицински слики (откривање на скриени канали кои се однесуваат на “DICOM Message Service” и “Upper Layer Service”, експериментална евалуација на некој од предложените скриени канали, детекција базирана на ентропија, утврдување на ризиците од криење на податоци во DICOM со користење на новите предложени канали, предлагање на противмерки за скриените канали). Исто така, ќе бидат направена анализа на предизвиците, ефективноста и последиците од несоодветна употреба на полисите за информациска безбедност. Ќе биде разгледана можна имплементација на HOTP и TOTP автентикациските алгоритми и нивните предности и недостатоци. Ќе бидат анализирани алгоритми за криптоанализа во BlockChain технологија

    Similar works

    Full text

    thumbnail-image

    Available Versions