Мултикултурализмот и влијанието врз развојот (со осврт на македонското општество)

Abstract

Овој труд го разработува прашањето за мултикултурализмот, (сфатен во хетерогена етничка смисла), од една страна како причина за конфликт, а од друга страна во функција на политика за развој. Во првиот дел се дадени примери на теоретски видувања според кои, етничката хетерогеност во мултикултурните општества е причина за конфликт, кој последователно влијае врз развојот и примери на политики за спроведување на мултикултурализмот кои може да доведат до развој. Во вториот дел на излагањето е направен осврт на македонското мултикултурно општество во контекст на претходно изнесените теоретски видувања. Односно направена е анализа на причините кои доведоа до конфликт, кој избувна во 2001 година и спроведените политики за одразување на мултикултурниот карактер во функција на развој. Клучни зборови: мултикултурализам, конфликти, развој, македонскиот случа

    Similar works