research

Озџан Карабулут „Состојби на љубовта“

Abstract

Озџан Карабулут во своите раскази интензивно ги обработува љубовта и различните аспекти на љубовта. Расказите ги отсликуваат разновидните начини на раѓање на љубовта, неизвесните патишта на нивното развивање, убавите рефлексии во животот, но и опасностите кои го демнат човекот. За разлика од многу автори кои љубовта ја презентираат само со нејзините убави страни, во расказите на Озџан Карабулут љубовта е обработена со сета нејзина сложеност и нијанси во современиот начин на живот обременет со многу негативности. Во расказите може да се согледа како и микрокултурата со својата традиција и предрасуди може да влијае на љубовта. Но, истовремено, во секој расказ, можеме да пронајдеме состојби на љубовта кои можат да се случат каде и да било во светот со што овие раскази добиваат и универзална карактеристика. Преведувачот на овие раскази од турски на македонски јазик, Марија Леонтиќ, сакаше македонската читателска публика да ja запознае со новите струи и изрази во современата турска книжевност

    Similar works