research

Примери за пристрасно игнорирање на македонскиот идентитет: Роберт Каплан, Балкански духови

Abstract

Историјата не ја прават само победници, но и предавници или импровизатори на објективноста. Целта на овој труд е да анализира во Балкански Духови, Патување низ историјата (Каплан 2005) примери на непроверени стереотипи и необјективно прикажување, (дез)информирање, изоставање, некоригирање на стари информации и нерешавање на фалсификати во историските податоци за Македонија пред и во периодот на 1912-1913 година. Трудот ја застапува потребата од транспарентно, одговорно и фактичко сведочење особено во документарни книги кои имаат историски аспирации. Проблемот на пристрасност, необјективност, игнорирање и манипулирање на историски вистини во односите на балканските соседи и нивните сојузни сили кон македонскиот народ перзистира и пред 100 години, но книгата на Каплан покренува нови историско-културолошки прашања за био-етиката во историската и патеписна литература, особено низ современото одговорно истражување на “Источното прашање“ на Балканот. Во период на правење и растурање на држави во Отоманската империја, Каплан тенденциозно ја заменува одредницата македонски (народ) со бугарски, српски или грчки, без да контрастира најновите сознанија од современата историографија. Илустрациите се анализирани како пример за: 1) потребата од преиспитување на непроверени,недоволно информирани, тенденциозно индоктринирани,политички пристрасни видувања и за 2) потребата од професионална и био-етичка одговорност во научната и дипломатска литература, во време на зголемена достапност на податоци

    Similar works