УЛОГАТА НА СТАНДАРДИТЕ НА КВАЛИТЕТ НА ХРАНА НА СТАВОВИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМПАНИИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

Abstract

При контролата на производство на храната постои верига на управување. Вршењето на одредена работа сѐ повеќе зависи од знаењето, довербата помеѓу двете страни, купувачот и снабдувачот, која е од посебна важност. Одност помеѓу купувачот и снабдувачот е верига од перспектива за управување со квалитет. Контролата на храната не вклучува само инспекција, туку подразбира производен процес кој е испланиран, развиен и подразбира корективни мерки. Крајната цел на квалитетот на контролата на конечниот производ, во границите на дозволеното отстапување, бара познавање на мерењето и анализа на квалитетот, како и целосна посветеност на менаџментот и вработените на компаниите. Целта на овој труд е да се согледа ефектот од примената на стандардите за квалитет на храната во компаниите во Р. Македонија, како и свесноста на вработените за влијанието на стандардите за квалитет во севкупниот впечаток за квалитет на храната која тие ја произведуваат

    Similar works