Детската книга, сликовница со дванаесет илустрации на детски профили е книжевен жанр кој авторот го има воведено како мини есеи, со внатрешен ритам и органски интегрирана рима и со современ стил и јазик на комуникација меѓу родител и дете во 21-от век. Дванаесетте есеи нудат слики од „изложбата“ на животот кој се одвива низ дванаесет тематски целини: 1. апстрактното и конкретното во сонот и јавето на детето; 2. израз на детската радост гаена во семејното опкружување; 3. когнитивниот процес на детската мисла: сооднос на родител - дете и улога на родителот во развојот на детската (за)мисла; 4. сонцето како симбол на светлина, топлина, љубов кон татковината, фамилијата и Бог; 5. дијалог/лекции за културолошките и религиозни значења на христијанскиот празник Велигден; 6. учење за летот (низ простор и време), и птицата како знак и звук на слобода и милост; 7. природата на водата во детското учење за бескрајните бранови на љубовта кон животот, светот, луѓето, семирот; 8. размислувања за роденденските чувства; 9. размислувања за суштината на книгата и мудроста; 10. вербални слики за азбуката и историјата на писмото; 11. науките во замислата на детскиот ум и 12. празнување на раѓањето на надежта за постојано, трајно, вечно продолжение на постоењето; размислувања за раѓањето на Исус Христос, Божиќ.
Книгата е промовирана:
- во Домот на културата „Ацо Шопов“, Штип (види слика), како и на МТВ и ТВ Стар,
- на археолошкиот локалитет Куклите, во присуство на словенечкиот амбасадор Брајан Бергант и
- на ТВ Сител 3 во документарната емисија за локалитетот Куклите
Is data on this page outdated, violates copyrights or anything else? Report the problem now and we will take corresponding actions after reviewing your request.