Метаболниот синдром претставува група на ризик фактори кои се поврзани со појава на кардиоваскуларни заболувања и дијабетес тип 2. Компоненти на метаболниот синдром се: инсулинска резистентност, хипертензија, централна дебелина, нарушувања во гликемијата, системска проинфламаторна состојба и дислипидемија.
Во истражувањето се вклучени 62 пациенти со прекумерна тежина или дебелина. Крвниот притисок е мерен со живин апарат, а висината, тежината и обемот на струк со стандардни мерења. Анализите за одредување на глукоза, холестерол, триглицериди и HDL–холестерол се изработени на анализатор Mindray BS–200 E, со стандарни ензимски методи. LDL–холестеролот е одредуван со Friedwald- ова формула.
Од 14 мажи со прекумерна тежина кај 2 (14,3%) беше регистрирана појавата на метаболниот синдром, а од 13 обезни мажи кај 6 (46,2%) беше регистрирана појавата на метаболниот синдром.
Од 14 жени со прекумерна тежина кај 6 (42,9%) беше регистрирана појавата на метаболниот синдром, а од 21 обезни жени кај 15 (71,4%) беше регистрирана појава на метаболниот синдром.
Метаболниот синдром првенствено се јавува кај дебелите луѓе, но не сите дебели луѓе го имаат овој синдром
Is data on this page outdated, violates copyrights or anything else? Report the problem now and we will take corresponding actions after reviewing your request.