Article thumbnail
Location of Repository

Алвеоларна презервација пред поставување на дентални импланти – приказ на случај

By Kiro Papakoca, Selman Candan and Mimoza Alcheva

Abstract

Вовед: денталните екстракции често резултираат со димензионални промени со тек на времето и која доведува до коскена ресорпција. Зачувување на алвеоларната коска по вадењето на забите има големо значење за да се постигнат оптимални естетските и функционални резултати. После одреден временски период, кога потполно е заздравено местото на екстракција, како една од можните терапевтски процедури може да биде поставување на имплант. Затоа местото на екстракција пожелно е да биде претходно подготвено со аугментација, која може да биде направена со различни видови на коскени супституенти. Целта на оваа наша презентација е да се презентира на примената на коскени супституенти за аугментација на алвеоларни гребени, нивно заздравување, како и поставување и остеиинтеграција на дентален имплант, на местото на екстракцијата. Клинички случај: кај нас се презентираше пациентката на 51 годинишна возраст, каде на клинички преглед се воочи индикација за екстракција на заб 46, од пародонтолошки причини. После екстракцијата на (46) следеше аугментација со коскен супституент од говедско потекло. Поставувањето на денталниот имплант беше по 6 месеци по екстрахирањето на забот и поставувањето на графтот. А после уште 4 месеци од поставувањето на имплантот беше изработена протетска надоградба. Заклучок: примената на коскени супституенти за алвеоларна аугментација и поставување на дентален имплант, го препорачуваме како една можна импланто – протетска реставрација, со чија што помош ке ги зачуваме соседните заби од стружење, а финалното решение кое ќе го добиеме ќе биде функционално, естетско и долготрајно. Клучни зборови: алвеоларна презервација, дентална екстракција, коскен супституент

Topics: Clinical medicine
Year: 2016
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:15942

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.