Article thumbnail
Location of Repository

Кога идеологијата ја заменува религијата – судирите се во експанзија

By Marija Emilija Kukubajska

Abstract

Фундаменталните трансформации на Америка ветени од Обама, создадоа радикални поделби и судири во САД како никогаш до сега. Во овoj процес, левичарските идеологии, индоктринирани од нивниот „лидер“, наметнуваат промени во слободите и правата на сите раси, вери и идеологии. Уставно или не, ова создава мутација на матрицата на американскиот основачки концепт за рамноправност, со создавање на нова, генерична и опасна нерамноправност. Револуционерната елита на пропишаниот mainstream, едуцирана за нео-комунистички промени во САД, и светот денес, ја изложува на екстремна дискриминација и маргинализација универзитетската младина со десничарски убедувања во Америка. Преовладуваат докази за пристрасност на медиумите и за тиранска ревизија во образованието воведувани од нео-левичарски идеологии и пракси, што укажува и на владино, невладино и индивидуално спонсорство на општествена корупција. Левичарската пропаганда ги воспалува конфронтациите со маркетирање на „обновена грандиозна обмана“ која додатно придонесува за мутација и мимикрија на старите утописки идеи како нови идеали за современи промени. Во оваа фундаментална трансформација, универзитетските предмети за просперитетен оптимизам, за фактичко а не идеолошко изучување на историја и за обнова на довербата во американскиот сон, се заменети со идеолошки предавања за социјална микроагресија, нео-марксистички студии, политичка „коректност“, сексуална ориентација, расна, религиозна и класна омраза. Овие индоктринирани квази „академски“ предмети, подржани од полицискиот однос кон новите слободи и демократија, ги насочуваат движењата за „окупирање“, новите револуции по светот и немирите во САД. За илустрација на овие културолошки судири меѓу двата идеолошки кампови, истражувањето анализира неколку случаи од американските универзитети каде универзалните вредности се заменети со анти-Христијански норми

Topics: Languages and literature
Publisher: Првен факултет. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Year: 2015
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:15503

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.