Article thumbnail
Location of Repository

Сензорна и аналитичка евалуација на ладно - цедени масла од сончоглед

By Sanja Kostadinovic Velickovska, Sasa Mitrev, Fidanka Ilieva and Ljupco Mihajlov

Abstract

Составот на масните киселини, испарливите компоненти и сензорна евалуација на 16 ладноцедени сончогледови масла беа предмет на ова истражување. Низок удел на мононезаситена олеинска киселина и висок удел на полинезаситена линолеинска киселина (со удел преку 60%) може да предизвика брза оксидација на маслото во споредба со масла кои имаат висок удел на олеинска киселина и да предизвикаат „ужегнат“, „кисел“ или „горчлив“ вкус. Количеството на α-пинен може да служи како маркер при процесот на производство на ладноцедено сончогледово масло. Овој монотерпен е многу испарлив. Според тоа, екстремно ниски концентрации на овој монотерпен, како и други испитувани монотерпени укажуваат на незадоволителен квалитет на сончогледови зрна или несоодветен третман на зрната пред процесот на ладно цедење. Клучни зборови: ладноцедени сончогледови масла, испарливи компоненти, состав на масни киселини, сензорна евалуација

Topics: Chemical sciences
Year: 2015
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:15331

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.