Article thumbnail

Семејството и семејните вредности во современата македонска книжевност за деца и млади

By Jovanka Denkova

Abstract

Во трудот се осврнуваме на современата македонска книжевност за деца и млади, поконкретно на прашањето за семејството и семејните вредности кои се негуваат во истото. Во трудот ќе се задржиме на дела од македонската книжевност за деца и млади во кои ликовите/протагонистите покажуваат позитивни вредности во релациите со останатите луѓе. Преку ваквите ликови и дела, треба да им се помогне на децата и младите да градат релации во согласност со нивните семејни вредности, да им помогнат да го разберат значењето на поддршката во семејството, и да препознаат како овие семејни вредности кои треба да се негуваат од најраното детство ќе им помогнат да надвладеат одредени пречки или предизвици со кои ќе се сретнат во понатамошниот живот. За таа цел, ќе се разгледуваат текстови во кои експлицитно се третираат теми од современиот живот и современото живеење, како развод на родители, посвојувања, пороците на денешницата, конфликти во семејството, смрт во семејството, периодот на адолесценцијата, улогата на постарите (родителите, бабите и дедовците) при негување на овие вредности и сл. Бидејќи книжевноста за еден од најефективните начини да се воспитуваат младите генерации, ќе се издвојат дела од современи македонски автори во кои се негуваат позитивните вредности, како толеранцијата, разбирањето, воспитанието, вниманието кон другиот итн

Topics: Languages and literature
Year: 2015
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:14944

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.