Article thumbnail
Location of Repository

Електронско банкарство - поим и ризици

By Olivera Gorgieva-Trajkovska

Abstract

Електронското банкарство овозможува вршење на банкарски трансакции електронски, без директна посета на банката или друга финансиска институција. Интернет банкарството, кое е една форма на електронско банкарство, го користи Интернетот како дистрибутивен канал преку кој се вршат банкарските активности, како: пренос на средства, плаќање на сметки, увид во состојбата на сметките, плаќања по основ на хипотеки и купување на финансиски инструменти и сертификати за депозити. Корисникот на интернет банкарските услуги (физичко лице или компанија) остварува пристап до неговата сметка преку пребарувач – софтвер, кој ги покренува интернет банкарските програми, резиденти на World Wide Web серверот. Иако интернет банките ги нудат истите услуги како и традиционалните банки, аналитичарите гледаат на Интернет банкарството како на средство за задржување на растечкиот број на софистицирани клиенти, развој на нова база на корисници и апсорпција на што поголем дел од депозитните средства на пазарот. Покрај многуте позитивни карактеристики, постојат и повеќе ризици, придружни на електронските банкарски активности, кои се исто така предмет на разгледување на овој труд. Клучни зборови: електронско банкарство Интернет Клие Ризици финансиски институции онлајн услуг

Topics: Economics and business
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“
Year: 2009
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1954

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.