Article thumbnail
Location of Repository

Практикум по термален туризам

By Nako Taskov and Dejan Metodijeski

Abstract

Практикумот е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за изготвување на вежбите и подготвување на испитот по предметот бањски туризам. Содржината на практикумот ја опфаќа потребната материја за вежбите по предметот бањски туризам, според наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Практикумот можат да го користат сите студенти на останатите факултети на кои се изучува предметот бањски туризам, но и останатите стучни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Практикумот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот бањски туризам и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Од тие причини, практикумот го изработивме во два дела. Првиот дел – е наменет за добивање на основни информации за организацијата на метеоролошките набљудувања и мерења на метеоролошките станици, улогата на климатологијата, значењето на статистиката како метод кој се применува во климатологијата, улогата на туризмолозите и гастрономите во правилното интерпретирање на метеоролошките и климатските карактеристики на испитуваните бањи, како и превземање на многу активности кои се поврзани со временските и микроклиматските услови на бањите. Вториот дел – содржи некои методски постапки за обработка на податоците добиени од метеоролошките набљудувања и мерења. Користени се бројни податоци од метеоролошките мерења и набљудувања на некои метеоролошките станици во Република Македонија. Податоците се превземени од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје. Вежбите се индивидуални. За време на вежбите секој студент добива податоци и се повикува на креативно применување на здобиеното знаење. На тој начин студентот врши самопроверка на знаењето, а воедно и одговорните лица, со цел да се утврди до кој степен се усвоени методските единици. Секоја активност на часот е вреднувана со соодветен број на кредити

Topics: Economics and business
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Year: 2011
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1879

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.