Article thumbnail
Location of Repository

Корелациска зависност меѓу живородени деца и склучени бракови и живородени деца и разведени бракови во Република Македонија

By Kostadinka Cabuleva, Trajko Miceski and Tamara Jovanov

Abstract

Поврзаноста на наталитетот и развојот на општеството во целина е неминовна. Луѓето како носители и двигатели на општествените процеси се основата на која се градат сите односи. Раѓањето (наталитетот) претставува позитивна компонента во движењето на населението и тоа влијае на зголемувањето на населението, додека смртта е негативна компонента којашто влијае на намалување на бројот на населението на определена земја. Наталитетот има сериозни влијанија врз економијата. Намалениот наталитет воедно значи и помала работна сила и поголем број пензионери, кои своите пензии ќе треба да ги добиваат од малиот бројвработени. На тој начин на пазарот на работната сила се јавува недоволен број на работноспособно население. Наталитетот на населението ги опфаќа сите случаи на раѓање на деца, без оглед дали се живородени или мртвородени, но бидејќи само живородените деца претставуваат елемент за репродукција на населението, тогаш е потребно да се повлече точна граница меѓу живо и мртвородените. Иако основниот и најважен природен прираст кој настанува во една популација е раѓањето (наталитетот), сепак денес во сите развиени земји, а и кај нас, тој бележи стагнација и опаѓање. Без разлика што како најчести фактори за стагнацијата на наталитетот и за негативните движења во природниот прираст на населението, демографите и социолозите ги посочуваат лошата економска ситуација, традицијата, нивото на образование и миграцијата, сепак ние се согласуваме со погледите дека наталитетот е условен од следниве три групи на фактори и тоа: – биолошки (пол, возраст, здравје, телесни чувства, брачна состојба итн.); – економско-социјални (образование, личен доход, место на живеење итн.); – психолошки (личноста и претставата за себе, погледите, мотивацијата, перцепцијата итн.). Делувањето на овие фактори може да биде посредно и непосредно, односно долгорочно и краткорочно. Интензитетот на делувањето на овие фактори не е секогаш ист, туку се менува од факторот време. Иако не постојат определени законитости во делувањето на овие фактори се забележува дека влијанието на биолошките фактори се позначајни кај помалку развиените земји. Исто така, се забележува дека помалку развиените земји имаат поголема стапка на наталитет од развиените земји

Topics: Economics and business
Publisher: Економски факултет, Универзитет "Гоце Делчев" - Штип
Year: 2009
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:1731

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.