Јазикот претставува многу повеќе од обичен код. Тој во себе вклучува социјални елементи и контексти од кои зависи идната компетенција на говорителот, преведувачот или наставникот по странски јазик. Современите трендови во лингвистиката се насочени кон деконструирање на реалиите во јазикот претставени преку јазичните концепти. Начинот на кој се организирани учебниците по странски јазик се рефлектира на разбирањето на јазикот кој се излучува. Комбинацијата „наставник + учебник“ го определуваат она што студентите ќе усвојат и како тоа ќе го определи понатамошниот успех или неуспех во справувањето со јазичните реалии. Во овој труд ќе се обидам да претставам комбинација на методи и граматички пристапи кои треба да послужат за создавање нов вид учебници по странски јазик, чија задача е да ги достигне тековните напредоци во лингвистиката
Is data on this page outdated, violates copyrights or anything else? Report the problem now and we will take corresponding actions after reviewing your request.