Територијата на Република Македонија тектонски е поврзана согеодинамичките процеси кои се одвиваат на Балканскиот Полуостров. Воденешно време, просторот на Балканскиот Полуостров се наоѓа во зонатана колизија помеѓу три големи плочи: Евроазиската, Африканската иАрапската кои се делат на помали плочи.Сегашната геодинамика на Балканскиот регион е под контрола наактивните тектонски процеси во Источниот Медитеран и тоа: субдукцијатана Јадранската микроплоча под Динаридите, субдукцијата на Јонската иЛевантинската микроплоча под Хеленскиот рововски систем и колизијатапомеѓу Евроазиската и Арапската плоча кои се во врска со СеверноАнадолскиот расед.Територијата на Република Македонија како дел од Балканскиотрегион, тектонски припаѓа на Медитеранската орогена област на Алпско-хималајскиот појас
To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.