Article thumbnail
Location of Repository

Усвојување на граматичките категории род, број и определеност кај именките во македонскиот јазик од страна на студентите – слависти

By Marija Grkova

Abstract

При учењето македонски јазик како странски сметаме дека е од голема важност усвојувањето на граматичките категории кај именките, за што се определивме по овој повод. Во план е да бидат анализирани одговорите од вежбите поврзани со граматичките категории на именките, направени од страна на студентите од странство што го учат македонскиот јазик, а ч иј мајчин јазик е еден од словенските јазици. Си поставивме цел да бидат земени предвид вежби за почетно рамниште од учебници по македонски јазик како странски, кои беа искористени за подготвување контролни тестови, како и вежби за средно рамниште подготвени за потребите на ТЕМАК-тестовите. Во нашата анализа ги имавме предвид следните критериуми: 1. Контролните тестови да бидат спроведени меѓу студенти што го учат македонскиот јазик како странски надвор од Република Македонија (во некои од лекторатите по македонски јазик); 2. Со контролните тестови да бидат опфатени студенти чиј мајчин јазик е еден од словенските јазици; 3. Во анализата да се вклучат и тестови сработени според европските стандарди, како што се ТЕМАК- тестовите. По анализата на одговорите, каде што ќе биде застапена и статистичка анализа, очекуваме да дојдеме до заклучоци - каков вид вежби се потребни за усвојување на граматичките категории кај именките

Topics: Languages and literature
Publisher: Институт за књижевност и уметност, Београд
Year: 2014
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22992

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.