Article thumbnail
Location of Repository

Иновативно хотелиерство: начини на кои big data анализата се користи за создавање персонализирано искуство и зголемување на профитот

By Cvetanka Ristova

Abstract

Со статусот на хотелиерство како навистина конкурентна индустрија, смели чекори се превземааат од страна на хотелскиот сектор во борбата со конкуренцијата преку воведување на дигитализација и персонализација во гостинското искуство. Но, денеска не е само пополнувањето на соби што е важно за хотелот. Хотелот исто така мора да ги пополни и рестораните, спа и велнес центарот како и сите други премиум услуги кои ги нуди. Гостите имаат многу високи барања и бараат персонализирано искуство, и ако сметаат дека не се задоволни со обезбедените услуги, тие имаат многу други можности во близина. Постојат одредени чекори што хотелите можат да ги превземат за да ги задоволат своите гости. Поради огромната количина на информации што гостите ги создаваат, big data анализата претставува клучна алатка з а х отелскиот с ектор. Х отелите м ожат да г и и скористат о вие податоци з а д а и м п онудат персонализирано искуство на своите гости, почнувајќи од укажување на локални ресторани до наоѓање на цена за одредена понуда што е неодолива за гостинот. Откако ќе бидат познати очекувањата и преференциите на гостите како избор на соба, о милена кујна, куповна моќ и сл., хотелот ќе биде во подобра можност да го направи нивниот следен престој „персонализиран“. Подобрената услуга ќе му помогне на хотелот во пополнување на капацитетот но и да продава повеќе „не-собни услуги“, бидејќи среќните гости имаат тенденција да трошат повеќе. Во овој труд наративен преглед ќе биде направен од избрани поврзани статии, извештаи и студии кои подоцна ќе бидат сумирани и укажат на предностите од дигиталниот тренд big data во хотелската индустрија

Topics: Other social sciences
Year: 2019
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22977

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.