Article thumbnail

Поврзаност помеѓу присуство на lactobacillus во плунка и дентален кариес кај деца со трајна дентиција

By Sanja Naskova, Cena Dimova and Katerina Zlatanovska

Abstract

Без разлика на напредокот во науката и техниката сепак денталниот кариес сеуште останува постојан и голем здравствен проблем низ целиот свет и ги опфаќа сите популациони групи и возрасти, а особено децата кај кои се јавува се почесто. Како етиолошките фактори за неговата појава се многубројни повеќе од нив потврдени но сепак голем број до крај сеуште остануваат предмет на истражувања. Целта на овој труд е да се испита дали постои значајна инверзна врска помеѓу интензитетот на денталниот кариес кариес и бактериските соеви на Lactobacillus. Лактобацилите биле првите микроорганизми кои биле поврзани и споменати како причинители за дентален кариес. Бројни автори посочиле дека бројот на лактобацилите во плунката е подобар критериум од онаа на Streptococcus mutans иако тој се смета дека е во тесна корелација со појава на кариес. За реализација на поставените цел опсервирани се деца по случаен избор од основните училишта во градот Штип. Во истражувањето се вклучени 71 дете (26 од женски и 45 од машки пол) на возраст од 12 години. Возрасната група од 12 години ја избравме по препораките на СЗО кој ја препорачува таа возраст за глобален мониторинг за забниот кариес и се однесува само на деца со постојана дентиција. Испитаниците беа поделени во две групи: контролна група-31 испитаник без кариес, пломби и екстракции (КЕП=0) и експериментална група-40 испитаника со кариес, пломби и екстракции на забите. Во истражувањето го користевме општо прифатениот индекс на присуство или отсуство на кариозен процес Klein – Palmer – ов индекс, кој се означува како DMFТ. Според добиените податоци од клиничкиот преглед, го одредувавме интензитетот (присуството/отсуството) на денталниот кариес (WHO, Geneve, 1997). Лактобацилите во плунката ги одредувавме со дијагностички тест CRT-bacteria (Vivadent, Schaan, Lihtenstein). Помеѓу присуството на Lactobacillus во плунката и присуството на денталниот кариес постои значајна поврзаност (p<0,01). Параметрите кои ги вклучивме во студијата можат да дадат научен придонес при подготовката на стратегии за индивидуална проценка на дентален кариес ризик, од кој стоматолозите можат да дејствуваат на решавање на проблемот со фокусирање на индивидуалните фактори на ризик одговорни за забниот кариес, со користење на методи кои вклучуваат проценка на клиничките критериуми за откривање на раните фази на еволуција на забниот кариес и дизајнирање протоколи што можат да се користат при забен кариес, превентивни и интерцептивни мерки засновани на статус на забен кариес, што подразбира едукативни, хемиски и минимално инвазивни процедури. Можеме да констатираме дека најголемиот дел од саливарните параметри успешно може да се користат за кариес скрининг и кaкo нajaдeквaтнo средство за зaoкружувaњe нa дoбрoтo oрaлнo здрaвje кoe ќe ги вoди децата кoн здрaв живoт. Клучни зборови: дентален кариес, Lactobacillus, плунка, трајна дентициј

Topics: Other medical sciences
Publisher: 'The International Institute of Knowledge Management, Pvt, Ltd.'
Year: 2019
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22865

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.