Article thumbnail
Location of Repository

Геоелектрични методи за истражување на подземни води

By Blagica Doneva, Gorgi Dimov, Ljupce Efnusev and Marjan Delipetrev

Abstract

Со помош на геофизичките истражувања се постигнува брзо, ефикасно, економично и недеструктивно решавање на одредени проблеми од областа на геологијата, рударството, градежништвото, водостопанството, археологијата, екологијата и др. Истражувањето на подземни води, како што се: вода за пиење, технолошка вода, минерална, термална и термоминерална вода, исто така се врши со помош на геофизички методи. Геофизичките истражувања имаат широка примена во хидрогеологијата, за решавање на водоснабдување на населени места, индустриски и други објекти, за одводнување на рудници, копови, каменоломи и сл. Геофизичките испитувања се многу значајни како истражната фаза пред дупчење, за прецизно лоцирање на дупнатини, истражно-експлоатациони дупнатини и бунари, како и за насочување и рационализирање на скапите истражни дупчења и други истражни работи. За истражување на подземните води се применуваат различни геофизички методи, зависно од геолошките и хидрогеолошките услови на теренот. Најефикасни се геоелектричните методи (електрична отпорност-геоелектрично сондирање, геоелектрична томографија и др.)

Topics: Earth and related environmental sciences
Year: 2019
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22827

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.