Article thumbnail
Location of Repository

Корелација на пресметаната и филтрираната карта на гравиметриското влијание на мохо дисконтинуитетот

By Blagica Doneva, Marjan Delipetrev and Gorgi Dimov

Abstract

Во трудот е презентирана зависноста на Мохо дисконтинуитетот од влијанието на гравиметриското поле на територијата на Република Северна Македонија. Мохо дисконтинуитетот претставува границата на Земјината кора со мантијата, а така е наречен по името на Андрија Мохоровичиќ, кој врз основа на анализата на ширењето на сеизмичките бранови, прв го открил неговото постоење. На самата граница доаѓа до нагла промена на брзината на ширењето на еластичните (сеизмички) бранови и до промена на густината на средината. Просечната густина на карпите на Земјината кора е 2,67 [gr cm-3]. Испитувањата на дебелината на Земјината кора покажуваат дека под континенталните маси дебелината варира од 25 - 80 km, додека под океанските простори дебелината варира од 5 - 10 km. Вредностите на Бугеовата аномалија измерени на територијата на Република Северна Македонија варираат од 30 до -80 [10-5ms-2]. Гравиметриското поле е резултат на сложеното влијание на структурните елементи кои ја изградуваат Земјината кора на овој простор

Topics: Earth and related environmental sciences
Publisher: University Goce Delcev
Year: 2019
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22740

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.