Article thumbnail
Location of Repository

Интеркултурните компетенции – предизвик за наставниците во мултикултурните општества

By Daniela Koceva, Snezana Mirascieva, Emilija Petrova Gjorgjeva and Irena Kitanova

Abstract

Образованието претставува општествен процес во кој младите членови на општеството стекнуваат знаења и вештини што се значајни за нивните идни активности во општеството. Образованието како огледало на општеството, заедно со воспитанието на поединецот му овозможуваат успешно да се вклучи во општествените и културните процеси. Под состојба на образованост се подразбираат следните елементи: основни знаења, интелектуални и мануелни способности, способност за расудување и мислење, идеали, ставови и мотивација, култивираност, смисла за општествена одговорност и пошироко разбирање на светот. Македонското општество е сложена мултикултурна, мултиетничка и мултирелигиозна средина. Воспитно-образовниот систем, од основното училиште до универзитетот, постојано треба да создава претпоставки за надминување на политичките, културните, верските и националистичките препреки, кои ги раздвојуваат и гетоизираат луѓето. Воспитно-образовниот систем мора да биде насочен кон формирање на толерантна, творечка и слободна личност во духот на демократијата, праведноста и толерантноста. Клучни зборови: мултикултурни општества, интеркултурни компетенции, наставници, образование, воспитание

Topics: Educational sciences, Sociology
Year: 2016
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:22717

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.