Article thumbnail
Location of Repository

Реторика: Историски и современи аспекти

By Dimitar Apasiev, Jovan Andonovski, Goce Naumovski, Vlado Buckovski and Mirjana Polenak-Akimovska

Abstract

Ова четиво е мултидисциплинарно каква што, впрочем, е и реториката. Таа од своите корени, па сè до денес ги окупира философите, литератите, правниците, политичарите, новинарите и сите оние што ја практикуваат комуникацијата во нивното секојдневие. Исто така, книгава е и плуралистичка, како и реториката. Во основата, таа смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора – на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица, бидејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите кои се противници на изречената реч. Ова четиво може да се чита на различни начини и да се восприема различно. Преку него можат да се добијат основните знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи еден добар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на противникот во спорот и, на крај, како да се победи. Затоа, книгава понекогаш е теоретско, а понекогаш практично четиво. Таа има претензии да објасни што е реториката која е практикувана уште од старите народи, но зошто и денес таа не го губи своето значење и својата вредност. Вечната реторика која цутела со општествените демократски движења, а која била замолчувана во диктаторските или авторитарните режими, секогаш има особина да се подмлади и повторно да се разгори и да процути со зајакнување на демократските тенденции.\ud Меѓу другото, целта на оваа книга е и да помогне да се стекнат знаења за апликативна примена на реториката во интерпретацијата на различни текстови, како и да понуди херменевтички инструменти на студентите и на идните истражувачи

Topics: Educational sciences, History and archaeology, Law, Media and communications, Philosophy, ethics and religion, Political Science
Publisher: Ars Lamina
Year: 2019
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:21720

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.