Article thumbnail
Location of Repository

Експлицирање на имплицитните искази во преводот од германски јазик на македонски јазик

By Darinka Marolova and Nikolina Lukaroska

Abstract

Предмет на истражување на оваа научна работа е експликацијата, како преведувачка постапка соодветна за превод на имплицитни искази. На учесниците во еднојазичната комуникација им е сосема јасно на што се алудира со одреден имплицитен исказ. А, при двојазична комуникација, т.е. комуникација со посредство на преведувач, реципиентот на преводот е сместен во поинакво културно опкружување, па следствено на ова и поседува поинакви предзнаења. Онаму каде што недостасуваат одредени информации, преведувачот врши експлицирање на имплицитните изрази. Цел на овој труд е да се покаже кога и зошто при преведување на имплицитните изрази понекогаш е неопходно екплицирање. Анализата се врши врз примери извадени од германски книжевни дела, паралелно со нивните преводи на македонски јазик

Topics: Languages and literature
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Филолошки факултет
Year: 2018
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:21003

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.