Article thumbnail

Фонетски и фонолошки девијации во употребата на македонскиот јазик кај полските и украинските студенти

By Igor Stanojoski

Abstract

Пресудни за фонетската правилност во зборувањето на странскиот јазик се објективните совпаѓања и разидувања во артикулациските бази на првиот и вториот јазик, како и мрзливоста/ упорноста на субјектот да ги совлада новите артикулациски единици. Фонетските девијации во принцип не предизвикуваат пречка во комуникацијата. Пречка, неразбирливост и негодување кај слушателот може да предизвикаат фонолошките интерференции, пред сè, недиференцијацијата на фонемите. Решението на фонетските девијации лежи во артикулацијата. Фонолошките девијации не се решаваат со поместување на артикулацијата. Украинците и Полјаците што учат македонски, барем во поглед на фонетиката и фонологијата, се во поповолна положба од Македонците што учат украински и полски, затоа што македонскиот има значително помал број гласови (респ. и фонеми), најмногу како последица на затврднувањето на меките согласки и неутрализацијата на опозицијата по мекост во консонантскиот систем

Topics: Languages and literature
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Year: 2016
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:20515

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.