Article thumbnail
Location of Repository

Учебник по хотелиерство

By Nako Taskov and Dejan Metodijeski

Abstract

Учебникот е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Хотелиерство. Содржината на овој очебник ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Хотелиерство, според Наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Учебникот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Хотелиерство, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика од приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Учебникот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Хотелиерство и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. На овој учебник, во 2012 година му претходеше изданието Скрипта по хотелиерство од истите автори, публикувано од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип. Во разработката на учебникот е користена соодветна литература од познати автори и институции од областа на туризмот и хотелиерството, како што е изданието Хотелиерство, од авторите Стамов и Алексиева, и останата релевантна литература поврзана со хотелиерската дејност. Учебникот е изработен во девет глави. Во првата глава е опфатен материјалот за појавата и историскиот развој на хотелиерството како дејност. Табеларно се прикажани капацитетите на објектите за сместување во светот. Прикажани се и статистичките податоци за бројот на туристи и бројот на ноќевања кои тие ги оствариле во нашата земја. Во втората глава е објаснета материјално-техничката база во хотелиерството, хотелскиот комплекс (блок за ноќевање, блок за исхрана и дополнителни услуги), видовите објекти за престој, нивното дефинирање и класификација. Во третата глава се разгледуваат карактеристиките на објектите за престој, се дава дефиниција за хотел, видови хотели, синџири на хотели, дефиниција за мотел, хостел, кампинг, бунгалови, туристички населби и други објекти за престој. Четвртата глава е посветена на персоналот (кадрите) во хотелиерството. Објаснети се задачите, функциите и одговорностите на административно-управувачкиот персонал (менаџери) и услужниот персонал (рецепционер, домаќин, и др.), нивната селекција, атестација и развој. Петтата глава го содржи материјалот за технологијата и организацијата на услужувањето во хотелиерството. Разгледани се: резервациите и резервациските системи; пречекувањето, регистрацијата, сместувањето и испраќањето на гостите; хотелската соба (намена и опременост) и организацијата на работата во хотелското домаќинство. Во шестата глава се обработуваат дополнителните услуги во хотелиерството (рехабилитациски, спортски, мини бар, рум сервис), социјално-психолошките аспекти во хотелското работење, безбедноста на гостинот, хотелот и животната средина и најчесто користените форми на реклама во хотелиерството. Седмата глава е посветена на системот Ол инклузив во хотелиерството. Разгледани се неговите карактеристики, факторите за развој, пазарот и развојот на овој вид одмор. Осмата глава ја опфаќа материјата поврзана со хотелиерството и крстарењата. Прикажана е индустријата на крстарењата и како е организиран бродот за крстарење. Во деветтата глава се разгледува материјалот поврзан со категоризацијата на угостителските објекти, условите за категоризација, барањето за категоризација и услугите кои се нудат во угостителските објекти

Topics: Economics and business
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Year: 2018
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19792

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.