Article thumbnail
Location of Repository

Примена на одредени техники за управување со залихи на хипотетичен пример

By Ljupka Tashevska and Ilija Gruevski

Abstract

Управувањето со залихите е интегрален дел на управувањето со обртните средства. Цел на управувањето со залихите е одржување на оптимално ниво на залихи во компанијата. Надминувањето на оваа ниво може да предизвика премногу трошоци за чување и одржување, а од друга страна кусок на залиха може да го стопира или задоцни производствениот процес. Управувањето со залихите мора да се базира на рационална економска cost benefit анализа. Доколку бенефитот од залихите е поголем од трошоците, тогаш е разумно команијата да ги чува залихите. Има голем број проблеми при одредување на економски оптималното ниво и за тоа како да се конвертираат или елиминираат сите релевантни вишоци или кусоци на залихите. Утврдувањето на економската количина на порачка (EOQ) и моментот на чување на нарачката е друг проблем кој е познат за овој менаџмент. На крај пресметката и анализата на коефициентите за ефикасноста на залихите го затвора прашањето за овој вид проблем. Предмет на овој труд се залихите како дел од тековните обртни средства. Примарна цел е презентирање на некои проблеми кои се познати во управувањто на залихите, како и да се елаборираат и објаснат некои можни и релевантни решенија

Topics: Economics and business
Publisher: Економски факултет, Универзитет "Гоце Делчев"-Штип
Year: 2017
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19600

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.