Article thumbnail
Location of Repository

Географија на население со демографија

By Nikola Dimitrov

Abstract

Географијата претставува комплексна планетарна наука по структура и продукција на многу науки и научни дисциплини. Со проучување на населението се занимаваат повеќе географски но, и негеографски науки и научни дисциплини. Сепак, најсоодветно и препознатливо, населението го проучуваат научните дисциплини, географија на население или демогеографија и демографија. Географија на население како научна дисциплина, според едни, во потесна смисла е дел од општествената географија, а според други дел од социјалната географија, а според трети од антропогеографијата. Како и да е, едно е сигурно, географијата на населението се занимава со проучување на популациско-географските или популациско-просторните карактеристики (односи, процеси, состојби, движење и сл.) на населението. Имено, разликата помеѓу географија на население и демографија се гледа и во тоа што, првата е наука за просторното разместување на населението, а втората е наука за населението со статистичка обработка. Како и да е, нема сомнение, дека и двете имаат допирни, но и посебни специфични елементи во нивното проучување. Според тоа, и двете посебно ќе ги елаборираме и тоа во една книга поделена во два дела, прв дел географија на население, и втор дел демографија. Материјалот во оваа книга од два дела поделена е во шест теми за првиот дел - географија на население или демогеографија, и во четири теми во вториот дел – демографија

Topics: Other social sciences, Social and economic geography
Year: 2018
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19479

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.