Article thumbnail
Location of Repository

Образованието на Ромите и неговите слабости

By Daniela Koceva, Snezana Mirascieva, Emilija Petrova Gjorgjeva and Irena Kitanova

Abstract

Република Македонија нуди еднакви можности за образование за сите нејзини граѓани, согласно меѓународното право и меѓународните конвенции. Таа е потписник на сите позначајни меѓународни конвенции и декларации кои се однесуваат на правата на човекот, правата на децата и правата на образование. Од друга страна, образовниот систем во Македонија постојано е во момент на транзиција. Во најголем број области во системот се воведени промени, но сè уште се чувствува потребата од значајни реформи. Она што во моментот можеби најмногу се насетува е недостатокот на поттици за подобрување на квалитетот на предавањето на сите нивоа на образование. По многу години работа на владиниот и невладиниот сектор во сферата на образованието на Ромите, имаме состојба во која секое поместување, било во однос на предучилишно, основно или средно образование се прави по иницијатива и со поддршка „однадвор“, од меѓународни донатори и НВО, а со незначителна поддршка од домашните институции. Постои отсуство на проактивност кај државните институции, кои најчесто чекаат на иницијативата и финансиската поддршка однадвор. Суштински проблемот е многу подлабок, станува збор за потреба од реформи во нашата држава и нејзините системи. Сѐ уште најважни слабости во сферата на образованието на Ромите се издвојуваат: сè уште премногу ниската стапка на вклученост во образовните процеси и осипувањето, нискиот квалитет на образованието, како и негативните ефекти на сегрегацијата во образованието. Клучни зборови: образование, Роми, слабости, реформи

Topics: Educational sciences, Sociology
Year: 2017
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19459

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.