Article thumbnail

Употреба на органски отпад за производство на лумбрихумус

By Ljupco Mihajlov and Liljana Koleva Gudeva

Abstract

Заштитата на природата и човековата околина, во современиот начин на живот, се актуелна тема и постојани се човековите активности во правец на остварувањата и постигнувањата на одредени зацртани цели и идеи од оваа област. Aктивностите на луѓето во овој правец се фокусирани кон производството на квалитетна и „здрава храна“ која на пазарите е достапна но, во помал квантитет и асортиман. Производството на ,,здрава храна“ е условено од многу фактори со приближно еднакво значење, но сепак одредена предност, односно фактор со извесен степен на поголема значајност е соодветниот здрав и квалитетен супстрат за производство на квалитетни и здрави растителни суровина за преработка. Оваа брошура е наменета за луѓето кои го сакаат производството на здрава храна и имаат желба истото да го разберат и научат. Во правилна соработка со природата секој може да научи да произведе здрава - квалитетна храна и со континуирана консумација на истата да си го подобри квалитетот на својот живот на подолг рок. Во производството на здрава храна како процес, неопходно е да се пристапи холистички – сеопфатно, бидејќи почвата и растенијата поседуваат огромна органска продуктивна моќ и потенцијал, но паралелно тие се многу чувствителни и лесно ранливи од поголем број на биотски и абиотски фактори

Topics: Other agricultural sciences
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Земјоделски факултет
Year: 2017
OAI identifier: oai:eprints.ugd.edu.mk:19289

Suggested articles


To submit an update or takedown request for this paper, please submit an Update/Correction/Removal Request.